Термотрансферните
хартии
Нудат брз и лесен начин за трансфер на апликации
врз текстил, керамика, дрво, кожа и др. Не е потребна специјална
подготовка и специјална обука - печатот се извршува на
конвенционален во боја ласерен или мастилноструен принтер.
Трансфернатата хартија е во неколку вида во зависност од типот на
принтерот и бојата на текстила, врз кој се трансферира
апликацијата.
Во зависиост од користениот принтер, термотрансферната
хартија се дели на хартии за:
- ласерни принтери/копири, кои имаат секции со силоконско масло.
Тоа се постарите модели ласерни копири како Xerox DC12.
- ласерни принтери/копири, кои не користат силиконско масло. Тоа
се настолните ласерни принтери и новите модели во боја
ласерни копири.
- мастилнострујни принтери со конвенционални мастила или со
сублимациони мастила.
Во зависиост од типот на материјалот, врз кој се трансферира
апликацијата, термотрансферната хартија се дели на хартии за
светол текстил, за темен текстил и за тврда површина
(метал, керамика, дрво, кожа).
На грбот на основата има јасно означување на типот на трансферната
хартија. Во опаковката има поопширно објаснение на параметрите
на трансфер, каде се препорачува да се извршува со
професионална термотрансферна преса: температура на загревање,
време и притисок на трансфер.
После трансферот се отстранува хартиената основа додека материјалот
е уште топол (топол трансфер) или откако ќе олади (студен
трансфер).
За постигнување на поголема трајност се препорачува
температурата на трансфер да е повисока и притисокот на пресата
да е максимален. Така мастилото навлегува подобро во ткаенината
и не се вади при перење. Температурата на водата при перење
треба да е што пониска од 40 степени. Во зависност од
типот на ткаенината, начинот на трансфер и на перење,
избелувањето на апликацијата при секое перење е 3% - 20%.