УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА НА ПЛОТЕРНИ ФОЛИИ
1. Складирање и обработка.
Самолепливите фолии ORACLE, ORAMASK и ORATAPE се доставуваат на
ролни, кои требва да се чуваат на лад-
но и суво место, заштитено од прашина и сончева
светлина, при температура до 30 оС. Пред обработката фолиите
треба да се темпираат. Идеалните услови се со влажност 50-60% и
температура 18-22оС. Големи разлики меѓу условите на чувањето и
обработка можат да доведат до растегање или виткање на
заштитната хартија. Резултатот е нерамна површина и промени во
димензиите при режење.
2. Подготовка на површината.
Специјалните висококвалитени лепила на
плотерните фолии ORACLE лепат кон секоја чиста, мазна, отпорна
на атмосферски услови површина, по која нема маснотии, восок или
силикон. Пред поставување на фолијата исчистете ја површината со
алкохол и исуштете ја, а врз испечена или исушена боја исчекајте
после три седмици. За чистење се препорачува етанол. Ако
користите материјали, кои содржат гас, како поликарбонати,
препорачуваме следните стапки. Исчистете ја површината,
поставете парче фолија и оставете за 24 ч. при 60оС. Ако до
тогаш се образуваат меурчиња, значи продолжува да испарува гас.
Треба или да ја загреете таа пластика или да ја оставите долго
време на постојана температура. Кога користите плотерни фолии
ORAMASK е многу важно да ги исчистите добро површините, кои се
обработуваат. За чистење на бојадисани површини и платна се
препорачува алкохол. Од такви површини, особено платна,
алкохолот треба да се отстрани колку може поскоро, за да не се
појавува во покривката. Исчекајте доволно време после чистењето
за да се испари алкохолот. При повеќебојни проекти поставете
ORAMASK само кога сте апсолутно уверени, дека бојата е наполно
сува. Остатоци од разредувач може да предизвикаат остатоци од
лепилото после вадење на шаблонската фолија.
3. Температура на лепење.
Плотерните фолии ORACAL не може да се постават при температура
под 10оС. При првите 24ч. после поставување, требва да се
внимава на значителни разлики на температурата. Ако сепак тоа се
случи, препорачуваме да ја загреете фолијата.
4. Отстранување на силиконската хартија.
Поставете ја изрежаната фолија на плочеста површина со
филмот надолу. Извадете дел од силиконската хартија, колку што е
потребно за монтажа. Веднаш извадете ја силиконоската хартија од
филмот, никако обратно.
5. Лепење.
Има два основни метода на лепење: суво лепење и мокро лепење. За
суво лепење поставете ја фолијата врз површината, на која треба
да се залепи, и притиснете ја во единиот крај. Залепете го
останатиот дел со гумена шпакла со последователни движења. Кога
користите трансферна лента ORATAPE или фолија, извадете ги со
бавно под агол од 180 о. Мокро лепење требва да се користи само
при топло време при температура не пониска од 18 оС. Напрскајте
ја фолијата откај лепливиот слој со вода, сместена со препарат
за чистење и поставете го на плочата. ПОдгответе ја изрежената
фолија. Притиснете ја фолијата кон површината со последователни
движења. Водата треба да биде наполно извлечена. За мокро лепење
препорачуваме трансферна лента ORATAPE MT 72. После кратко
сушење отстранете ја трансферната лента под агол од 180о.
Навлажнувањето на горната страна на трансферната лента ја прави
процедурата полесна. За да се избегне промена на бојата после
лепење, во боја и особено мат и грубо пигментираните фолии
ORACAL треба да се обработуваат само во една насока. При монтажа
врз метални плочи и стоечки елементи, со остар нож отделете ја
фолијата на тие места така да не се изгужва при движење.
6. Вадење на трајно залепени плотерни фолии
ORACAL.
Температурата на околниот воздух и на површината треба да биде
не пониска од 20оС. Со нож подигнете го прво едниот од
аглите и бавно извлечете ја фолијата од површината под агол од
180о. Значително се олеснува вадењето, ако при извлекувањето
фолијата се загрее. Ако на површината остане некој дел од
лепилото, тоа може лесно да се исчисти со нитро разредувач.